„Бидејки многу често ми се наложува да месам кифлички или било какви други пецива, решив дел од белото брашно да го заменам со интегрално брашно… Бев изненадена од вкусот па и од изгледот на пецивата. Затоа доколку сакате поздраво да се хранат вашите деца , ви го препорачувам овој начин на “месање” на брашното„ – рецепт на на шата пријателка Тања Докузова .

Интегрални кифлички

By Тања Докузова Published: March 8, 2013

    „Бидејки многу често ми се наложува да месам кифлички или било какви …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Се истура едно канче кисело млеко и три јајца во длабок сад, се додава интегралното брашно, сода бикарбона и семките по вкус (зависи што ќе одберете да ставите). Во смесата се додава бело брашно и се замесува убаво тестото...
    2. 2.Се остава тестото малку да одстои. Од тестото се формираат кифлички со форма по ваш избор.
    3. 3.Со ноже за вадење семки се прават крукчиња врз кифлиците, се става по малку маргарин врз секоја кифлица и се ставаат да се печат.
    4. 4.Откако ќе ги испечете, се вади крукчето со остро ноже и во секојаод длабнатинките се додава маслинка, сирење, кашкавал или џем по ваша желба.