Бидејќи обожаваме палачинки решивме малку да експериментираме и воопшто не погрешивме. Направивме интегрални мини палачинки кои освен што испаднаа превкусни, ни успеа и намерата да ги направиме многу поздрави. Препорака до сите вас и вие да ги пробате, нема да зажалите.
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]
Интегрални мини палачинки со јаболко
By February 19, 2014
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Бидејќи обожаваме палачинки решивме малку да експериментираме и воопшто …
Ingredients
- 125 г интегрално брашно (грахам врашно)
- 1/2 кесиче прашок за пециво
- прстофат сол
- 1 јајце
- 1-2 јаболка
- 1-2 лажички мед
- 250 мл млеко
- 2 лажици масло за готвење
- малку масло за готвење (за премачкување на тавата)
Instructions
- 1.Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги (поситно).
- 2.Во пластичен сад, ставете го брашното, прашокот за пециво и прстофат сол. Измешајте и додадете млеко, масло за готвење, јајце, мед и изренданите јаболка.
- 3.Смесата ставете ја во фрижидер, околу половина час.
- 4.Тавата за пржење, тефлонска или кермичка (тава за палачинки), добро загрејте ја и ставете малку масло. Со кујнска хартија, маслото распоредете го по целата тава.
- 5.Со лажица, истурете од смесата во загреаната тава (со кружно движење на тавата, смесата малку раширете ја), оставете да се испече од едната страна, па потоа превртете ја од другата страна.
- 6.За да не ви се лепи, тавата после секоја палачинка пројдете ја со веќе намрсената кујнска хартија.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна