Уште еден прекрасен рецепт во категоријата и здраво и опасно вкусно. Овие интегрални соленки се подготвуваат навистина брзо и едноставно, а освен што се здрави имаат феноменален вкус. Одлични во моментите кога сакате да грицнете нешто. Добар апетит.
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic
Интегрални соленки
By March 12, 2014
Published:Уште еден прекрасен рецепт во категоријата и здраво и опасно вкусно. Овие …
Ingredients
- 100 г интегрално пченично брашно (Грахам брашно)
- 100 г ржано брашно
- 70 г маслинки (без семки)
- 50 мл маслиново масло (или обично)
- 1 лажица сусам
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица семки од тиква (непечени)
- 1 лажица семки од сончоглед (непечени)
- 1 јајце
- 1 лажичка прашок за пециво
- малку сол (по потреба, доколку маслинките не се солени)
Instructions
- 1.Во пластичен сад, измешајте го интегралното и ржаното брашно. Додадете прашок за пециво и сол по потреба.
- 2.Семките, сусамот и лененото семе, во мелница за кафе, измелете ги и додадете ги во смесата со брашно.
- 3.Во блендер, ставете ги маслинките, јајцето и маслото и добро избледирајте. течната смеса додадете ја во смесата со брашно.
- 4.По желба, наместо да блендирате, можете маслинките ситно да ги исечкате и да ги додадете во брашното, заедно со едно јајце и масло.
- 5.Смесата мешајте ја додека не се соедини, завиткајте ја во фолија и оставете ја во фрижидер минимум половина час.
- 6.Одморената смеса, на малку набрашнета површина, расукајте. Сечете долгнавести форми.
- 7.Ставете ги врз тава за печење обложена со хартија за печење, и соленките печете ги во загреана рерна, на 200 степени, околу 15 минути.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна