Во моментите кога немате многу време за губење, а ви се јаде нешто навистина вкусно и здраво ви предлагаме да приготвите интегрални шпагети со додаток соја, како одлична замена за месо. Сево ова убаво зачинето и прелиено со доматен сос. Добар апетит.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Интегрални шпагети со сос од соја

By May 3, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 25 mins
Во моментите кога немате многу време за губење, а ви се јаде нешто …
Ingredients
- 1 пакетче интегрални шпагети
- 150 г соја трошки (Виталиа)
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 ½ супена лажица зачин (Виталиа)
- ½ кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка магданос (ситно исечкан)
- 1 кафена лажичка мајчина душичка
- 400 г сос од домати
- 50 мл ладно цедено сончогледово масло (Виталиа)
Instructions
1.Сојата ставете ја во подлабок сад и прелијте ја со врела вода. Оставете ја да постои неколку минути, а потоа исцедете го вишокот на вода. Исечкајте ги кромидот и лукот на ситни коцки. Ставете ги шпагетите да се варат според упатството на пакувањето.
2.Кромидот и лукот ставете ги да се пржат врз загреано масло во подлабоко тавче. Откако кромидот малку ќе омекне, додадете ја сојата. Пржете околу 15 минути. Потоа додадете ги зачините, добро промешајте и тргнете го тавчето од оган.
3.Во подлабока чинија за сервирање, ставете ги шпагетите, прелијте ги со сосот од домати, а одозгора ставете од смесата со соја. Декорирајте со неколку ливчиња свеж магдонос и послужете додека е уште топло. Забелешка: Овие состојки се доволни за 4 лица.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна