Со текстот за предностите на интегралните житарици, се подсетив на овие земички кои одамна ги немав правено.;) Предноста на ваквите земички е што се најадувате со малку, меки се како душа не само првиот ден,а плус – здраво се храните.

Интегрални земички со маслинки

By Валентина Крстевска Published: June 30, 2013

    Со текстот за предностите на интегралните житарици, се подсетив на овие …

    Ingredients

    Instructions

    1. Исечкани маслинки1.Исецкајте ги маслинките по ваша желба, покрупно или поситно. Јас ги сецкав доста крупно, бидејќи на моите така им се допаѓа.
    2. Интегрално брашно2.Замешајте ги сувите состојки заедно, додадете го маслото и водата,месете вкупно околу 15 минути (со ова тестото станува многу воздушесто),додајте ги маслинките,месете додека не се замешаат во тестото, па покриено со фолија оставете да стасува околу 1 час.
    3. Правење земички3.Стасаното тесто нежно премесете го, од него обликувајте цилиндрична форма, па одмерувајте делчиња со тежина од 50 гр. На ваков начин, мене ми излегуваат 20 земички.
    4. Земички спремни за печење4.Од секое делче обликувајте топченца,потоа формирајте мали јајцевидни форми и редете ги на плех со хартија за печење. Одозгора засечете со остар нож на 3 места
    5. 5.Печете на 180 степени додека да добијат златножолта боја.
    6. 6.Веднаш по печењето премачкајте ги со маргарин, не покривајте ги, а кога сосема ќе се оладат спакувајте ги во хартиена ќеса (како оние во кои се пакува леб).