Не можам да ви опишам колку го обожавам мирисот на рузмарин! Веднаш ме потсетува на море. Но, со оглед на тоа што се уште е рано за мојот одмор, морав да најдам начин како да си ги смирам нервите. Решив да направам интегрални лепчиња со рузмарин и маслинки кои барем за кратко го донесоа Медитеранот во мојата кујна.

Интегрални лепчиња со рузмарин и маслинки

By А.А.З. Published: March 20, 2014

    Не можам да ви опишам колку го обожавам мирисот на рузмарин! Веднаш ме …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во сад ставете 100 мл млака вода, додадете малку брашно, ½ лажица шеќер, сол, издробете го квасецот и оставете го малку да нарасне.
    2. 2.Во друг поголем сад ставете го остатокот од водата, додадете брашното, путерот и убаво измешајте. Додадете го и квасецот и убаво мешајте додека не добиете хомогена маса. Оставете го тестото да нарасне убаво.
    3. 3.Маслинките пресечете ги на пола, а рузмаринот исчистете го од гранчињата.
    4. Интегрално лепче пред печење4.Стасаното тесто поделете го на 24 дела (околу 40 грама) и обликувајте топчиња. Топчињата наредете ги на плех и оставете ги уште малку да нараснат. На секое топче во средината ставете половина маслинка и гранче рузмарин.
    5. 5.Загрејте ја рерната на 220 степени и печете околу 20-тина минути.