Топло или ладно, ова лепче со интензивен вкус и мирис на лук е уживање за сите сетила….
Интегрално лепче со лук кое не се меси
By November 30, 2012
Published:- Prep: 45 mins
- Cook: 45 mins
- Ready In: 1 hr 30 mins
Топло или ладно, ова лепче со интензивен вкус и мирис на лук е уживање за …
Ingredients
- 400 г интегрално брашно
- 260 г брашно
- 13 г свеж квасец (2/3 пакетче квасец)
- 1½ лажичка сол
- 1 лажичка шеќе
- 400 мл вода
- 2 главици лук
Instructions
1.Лукчето завиткајте го во алуминиумска фолија и печете го во рерна на 180 степени околу 30 минути или се додека лукчето не стане меко.
2.Оставете го малку да се олади, излупете го и со помош на виљушка изгмечете го.
3.Во пластичен сад, ставете го брашното, водата, шеќерот, солта и квасецот. Додадете го и изгмечениот лук и со дрвена лажица се замешајте неколку пати се додека сите состојки не се соединат.
4.Го покриваме со крпа и го оставаме тестото да отстои од 14-18 часа. Доколку е премногу топло, тестото слободно ставете го во фрижидер.
5.Внимателно, тестото префрлете го на набрашнета со крпа со пченкарно брашно и од тестото формирајте долгнавеста форма (со нежно превиткување на тестото). Завиткајте го во крпа и оставете го повторно да нарасне (од 30 минути до 2 часа).
6.Вклучете ја рерната на 230°C и садот за печење (кој мора да има поклопец) ставете го добро да се загрее. Со помош на крпата, тестото префрлете го во садот.
7.Печете 30 минути со поклопец а потоа уште 15 минути со отворен поклопец за лепчето да ја добие златно кафената рустична боја.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна