Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


За време на бременоста, исхраната мора да биде разновидна и урамнотежена.

Во исхраната на бремената жена најчесто недостигаат четири витамини (фолна киселина, витамин Б6, витамин Д и Е) и четири минерали (калциум, магнезиум, железо и цинк). Од сето тоа, најтешко е само од исхраната да се обезбеди доволно железо.

Најдобри извори се житарките и мешункастиот зеленчук, сончогледово семе, брокула како и пивскиот квасец и копривата.

Правилната исхрана треба да обезбеди пред се белковини. Тоа се постигнува со консумирање на млеко и млечни производи, риби, мешунки и повремено консумирање на јајца. Освен белковините, овие намирници за организмот ќе обезбедат и калциум, железо и витамин Д.

Посебно внимание би требало да посвети на внесот на јаглените хидрати. Јаглените хидрати се надоместува со јадење интегрални житарки и нивните прозиводи, како и овошје и зеленчук. Со внесувањето на сложени јаглени хидрати, се внесуваат и билни влакна, кои се значајни за одржување на стабилното ниво на шеќер во крвта, но, и витамини и минерали, посебно витамин Ц и витамин Б комплекс. На овој начин се спречува брзиот напад на глад.

Да се држи диета со цел да се загуби поголем дел од тежината, не е препорачливо за време на бременоста, затоа што можете да ја нарушите вашата нутрициска рамнотежа. Сепак ограничувањето на дебелеењето за време на бременоста е многу важно за жените кои имаат прекумерна тежина. Тоа може да се постигне со рестрикција со внесувањето на јагленохидрати и маснотии. Ограничувањето на добивање во тежина може да го намали ризикот од компликации за време на бременоста, како што е високиот крвен притисок, и да помогне да немате големо бебе.

Доколку страдате од претерана угоеност, обидете се да ја исфрлите од исхраната брзата храна и другите нездрави навики. Калоричните грицки и слатки, заменете ги со свежо овошје и зеленчук.

За време на бременоста, вашето тело произведува хормон наречен прогестерон. Тоа од своја страна може да го успори варењето на храната, да предизвика запек, гасови и подуеност. Чувството на подуеност и гасови може да се јави на самиот почеток на бременоста, околу четири или пет недели од почетокот. Јадете повеќе помали оброци во текот на денот, џвакајте бавно и избегнувајќи да голтате воздух а од палетата на Виталиа ви ги препорачуваме пченичните трици.

Анемијата е вообичаена за време на бременоста, што се должи на растењето на бебето кое се снабдува со вашите резерви на витамини и железо. Најчеста форма на анемија во бременоста е анемијата дефицитарна со железо. Недостигот на фолна киселина може, исто така, да предизвика анемија. Често недостигот на железо и фолна киселина се појавуваат истовремено. Од палетата на

Виталиа ви ги препорачуваме маџунот и чајот од тахебо.

Секогаш јадете свежо овошје и зеленчук. За да ги задоволите дневните потреби од зеленчук и овошје треба да јадете по 1 порција зеленчук или овошје при секој појадок, ручек и вечера и по 1 порција за ужина.

Од палетата на Виталиа Ви ги препорачуваме следниве производи:

Цветен прав – е природен еликсир со извонредна богата содржина на избалансирани хранливи материи, природна комбинација на витамини (А, Б, Ц, Е), минерали ( натриум, калциум, магнезиум, железо,) и протеини. Делува поволно во случај на замореност и го зајакнува организмот при ментален замор и исцрпеност.

Интегралните житарици ( овесни, ржени, пченични, јачменови) претставуваат богат изор на природни шеќери и витамини, посебно од Б групата, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат  перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифестира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко.

Маџун – природен производ добиен со концентрација на гроздов сок од најквалитетни видови винова лоза. Е одлично средство кој го зајакнува имуниот систем, помага при инфекции на дишните патишта, во случај на слабокрвност (анемија) и при нарушена функција на црниот дроб. Се препорачува 1 супена лажица 1-2 пати дневно растворена во вода, сок или млеко. Може да се користи и како засладувач на мусли, житни снегулки, каши.

Семки од чиа е најбогат природен извор на Омега 3 масни киселини (дури 30%), Омега 6 масни киселини (10%), протеини и антиоксиданти. Исто така семето до чиа е одличен извор на фосфор, манган, калциум, цинк а содржи и висок процент на диетални влакна. Дневна препорачана доза е 5 гр.(1 супена лажица).

Чај од брусница – брусницата претставува бобинкаст (зрнест) плод со многу лековити својства корисни за здравјето. Има благо киселкаст вкус и арома својствена на плодот. Содржи богатство од витамини од Б групата, витамин Ц, минерали, растителни влакна и голем број на заштитни материи како што се биофлавоноидите. Чајот од брусницапретставува природна мешавина од сушена брусница, цвет од хибискус, плод од шипка и јаболко. Се карактеризира со природна арома на сите состојки и освежителен вкус. Поради високата содржина на витамин Ц се употребува за зајакнување на имунитетот и  кај лица со уринарни инфекции.

 Четири мелени семиња – избалансирана мешавина од 4 мелени семиња (тиква, сончоглед, лен и сусам). Оваа мешавина содржи висока содржина на влакна кои ќе Ви помогнат во решавање на вашиот проблем. Помешајте 2 супени лажици со млеко или јогурт или додадете ги во житарици.

Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….
Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања