Ако сте големи мераклии на турско кафе, еве неколку одлични идеи како да го искористите талогот од вашиот омилен пијалок. Направете природна маска за коса, употребете го како пилинг за лице или како ѓубриво на вашите домашни билки…

Измешајте го талогот од кафе со мед за да направите пилинг кој може да го користите за тело и лице. Вашата кожа ќе добие прекрасен сјај. Исто така овој пилинг ќе ви помогне во бробата со природниот непријател број еден-целулитот. Задолжително пробајте.

Талогот од кафе може да ви послужи исто така како одлична маска за вашата коса. Пред да го нанесете шампонот, протријте ја косата со талог од кафе. Косата ќе добие природен сјај.

Повеќе не мора да купувате скапи вештачки ѓубрива за вашите домашни билки. Природно ѓубриво можете да направите ако неколку дози утрински талог од турско кафе помешате со вода и со оваа смеса ги наводените билките.

Верувале или не талогот од кафе може да најде примена и како освежувач. Ставете го талогот во садче во фрижидерот или покрај кантата за отпадоци и за кратко време ќе забележите голема промена.

Ако садовите ви се премногу нечисти талог од кафе ќе го реши проблемот. Протријте го талого на садовите кои сакате да ги исчистите, а потоа исперете ги со чиста вода. Истата постапка можете да ја примените ако сакате дополнителен сјај на вашиот дрвен мебел.