Со политика нема никаква врска, политико е скратено име кое им се дава кај нашиот јужен сосед на многу нешта со потекло од Константинопол.:) Ова е рецептот до кој дојдов на моето најново патување.

Истанбулски „леб“ -Politiko ekmek

By Валентина Крстевска Published: July 25, 2013

    Со политика нема никаква врска, политико е скратено име кое им се дава кај …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Изматете ги убаво белките со прстофат сол(убаво сматени се кога садот со снегот од белки полека ќе го навалите, а снегот не се помрднува).
    2. 2.Додајте ги жолчките,матете за да добиете бледо жолта смеса,потоа матете и постепено додавајте го шеќерот.Без да престанете да матите, додајте ги и останатите состојки.Смесата префлете ја во намрсена и побрашнета тава со димензија 20 х 30 см.
    3. 3.Печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека бисквитот не добие златно кафеава боја.Оставете го да се олади.
    4. 4.Измешајте ги состојките за шербет и откако ќе зоврие оставете да се вари уште 7 минути. Со оладениот шербет прелијте го оладениот бисквит.Нека не ве загрижува што личи дека има повеќе шербет отколку што е потребни бидејќи набргу целосно се впива во бисквитот,па потоа од готовиот колач не истекува ни капка,личи како да го нема.
    5. Изматен путер5.Изматете го пенасто путерот. Во околу 150 мл млеко растворете ги трите пудинзи,ванила кристалите и шеќерот.Остатокот од млекото зовријте го и сварете густ пудинг на вообичаен начин.Пудингот е доста густ,затоа постојано промешувајте бидејќи лесно може да загори.Кога доволно ќе се згусне,прекријте го со најлонска фолија и оставете го потполно да се олади.
    6. 6.Со миксер убаво изматете го оладениот пудинг.Мешајте го со миксерот путерот и додавајте во него малку по малку од пудингот.(Мој совет е во вакви кремови секогаш вбо путерот да се додава пудингот, не обратно, бидејќи може да се случи да не се изедначи убаво смесата, да личи како да е одвоен путерот во ситни „зрнца“ од пудингот).Со овој крем прелијте го колачот.
    7. 7.НАПОМЕНА: во целиот колач има многу малку шеќер поради што е многу лесен,затоа по желба или зголемете го количеството шеќер или одозгора наросете карамела-ванила шеќер.На колачот може да се додаде и топче сладолед од ванила при послужувањето.