Омилената торта на Ива – вели нашата читателка Весна Рохр, која самата го има креирано овој рецепт. “Вкусот е прекрасен и сигурно нема да зажалите ако ја направите, но за да биде успешна, потребно ви е многу љубов, како и за секоја креација во вашата кујна“. За повеќе, погледнете ја Фејсбук страницата на Весна – Со љубов, за вас!

Ивина чоколадна торта

By Весна Рохр Published: January 25, 2013

    Омилената торта на Ива - вели нашата читателка Весна Рохр, која самата го …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.За подготовка на тестото убаво се матат јајцата со шеќерот, а потоа се додава брашното во кое сте го измешале прашокот за пециво. На крајот, додадете ги ренданото чоколадо, кората од лимон и сечканите ореви.
    2. 2.Тестото се пече во големо тавче од шпорет, па се сече на три ленти, а ако тавчето е помало, тогаш се пече на двапати и двете кори се сечат на половина. Значи, тортата има 3 или 4 кори.
    3. 3.За филот, посебно се мати маргаринот со 4 лажици шеќер во прав и ванилата, а во друг сад се матат жолчките со 4 лажички шеќер во прав. Готовата чоколадна крема се подготвува според упатството на ќесичката, ама со помалку млеко за да биде погуста (како фил за торта). Чоколадото се топи со малку зејтинче на пареа или во рерна.
    4. 4.На крајот сите смеси (маргаринот, жолчките, кремите и чоколадото) се спојуваат и се мешаат со миксер додека не се изедначи смесата. На крајот се додаваат 20 лажици сечкани или толчени ореви.
    5. 5.Филот се мачка рамномерно врз секоја кора, а одозгора може да се украси со топено чоколадо или мелени ореви (по желба).
    6. 6.Забелешка: тортата е доста голема, но може да се исече на парчиња и да се замрзне. При замрзнување пресечете поголеми парчиња кои после ќе можете да ги сечете дополнително според потребите.