Веројатно веќе сте слушнале за поимот празни калории. Но што всушност претставуваат тие, зошто се толку лоши и како можете да ги избегнете?

Празните калории се однесуваат на високо-калоричната храна со слаба нутритивна вредност во која воопшто нема микронутриенти. Вообичаено, тоа се намирници кои се обработени, со додатни адитиви и хемикалии, а често пати вештачки се “збогатени“ со синтетички влакна и минерали.

Кои намирници содржат празни калории?

– Помфрит, пржено пилешко месо, чипс, и било која друга храна пржена во длабоко масло. Една голема порција помфрит од сендвичара содржи околу 570 калории со неверојатни 30 г масти, од кои 8 г се транс масти. Значи, содржи еден тон калории и многу, многу малку микронутриенти.

– Слатки, сокови и сирупи. Една лименка сок содржи околу 130 калории, додатни вештачки бои и адитиви. Значи, многу калории од шеќери, но и нула микронутриенти.

– Пиво, вино и останати алкохолни пијалоци. Една лименка пиво содржи околу 150 калории и ништо повеќе.

– Преработени житарици како крекери, кекси, бел ориз, бел леб. Вистина е дека рафинираните житарици содржат нешто маку витамин Б, но тоа е се.

Како да ги избегнете празните калории?

– Избегнувајте пржена храна, а наместо пржење, користете некој друг начин на готвење. На пример, наместо помфрит и пржено пилепко, подгответе печени компири и печено пилешко без кожа.

– Избегнувајте засладени и конзервирани пијалоци.

– Користете интегрални наместо рафинирани житарици. Интегралните житарици се богати со влакна и антиоксиданти. Затоа, наместо бел, купувајте црн пченичен леб. За појадок земете една чинија интегрални житарици или незасладени овесни снегулки.

– За ужина јадете овошје. Наместо кутија со кекси или крекери, земете свежо овошје, или уште подобро, комбинирајте го со чаша немасен јогурт за да додадете плус протеини и калциум во оброкот.

Навистина застрашува фактот што поголемиот број на намирници кои се достапни во маркетите можат да се вбројат во категоријата на намирници со празни калории. Во секој случај, обидете се да ги избегнувате што е можно повеќе ако сакате да направите нешто корисно за својот организам. Обидете се вашата шопинг листа да содржи намирници кои ќе ви овозможат формирање на квалитетен програм на исхрана.