Во јавноста е малку познато дека е особено важно сладоледот да се јаде и во зима.

Самиот сладолед, кој е вистински деликатес, има сопствена нутритивна вредност, објаснуваат нутриционистите. Една од предностите на конзумирањето на сладолед е и тоа што се трошат калории кога се јаде сладолед бидејќи на човечкиот организам му треба време да го загрее желудникот, оладен од сладоледот, до температурата на која се одвива варењето на храната.

Важно е да се знае дека топло се препорачува сладоледот да се јаде и во зима, бидејќи на ниските температури, телото не доживува состојба на шок поради температурната разлика меѓу средината и храната која ја внесуваме. При запаленијата на грло, кои се чести во зимските месеци, исто така е добро да се јаде сладолед, бидејќи неговата ниска температура ги елиминира бактериите од грлото и не дозволува нивно понатамошно ширење. Добар пример за ова се жителите на скандинавските земји кои многу повеќе конзумираат сладолед во зима, па затоа помалку заболуваат од запаленија на дишните патишта.