Рецептот за овие прекрасни јаготки ни го кажа нашата драга сосетка Сузана која мора да ја пофалиме, бидејќи навистина се што ќе направи е одлично :). Инаку, малку се помачивме со оформувањето и боењето (една по една) на јаготките, ама трудот навистина се исплатеше. Пробајте ги – навистина се фантастични!
Јагодите на Сузана
By May 17, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Рецептот за овие прекрасни јаготки ни го кажа нашата драга сосетка …
Ingredients
- 250 г мелени ореви
- 250 г мелени кекси
- 500 г шеќер во прав
- 2 белки
- 1 исцеден сок од лимон (по потреба уште половина цеден лимон)
- 150 г обичен шеќер
- црвена боја за готвење
- неколку гранчиња од собна папрат (или слично растение)
Instructions
1.Мелените ореви и кекси измешајте ги со шеќерор во прав. Додадете ги белките и по потреба сок од лимон и месете додека не добиете убава компактна смеса.
2.Од смесата исдовјувате топчиња големи колку орев и од нив обликувајте јагоди (нашите беа по околу 15 г секоја).
3.Растворете ја црвената боја со вода (ако е во прашок) и со четка за боење премачкајте ја секоја јагода и веднаш извалкајте ја во кристал шеќер.
4.Потоа со чепкалка за заби направете дупче и во него ставете мало зелено гранче како дршка.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна