Направете нешто необично, декоративно и што е најважно, многу вкусно. Дозата е четири особи, по една „Импресија“ за секого, но ако некој е гурман може и повеќе. Добар апетит!
Јајца „Импресија“
By August 24, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 25 mins
Направете нешто необично, декоративно и што е најважно, многу вкусно. …
Ingredients
- 4 јајца
- 200 г спанаќ (или блитва)
- 4 парчиња сирење (може и плаво сирење)
- 4 парчиња кашкавал
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук (сечкан)
- малку сол, црн пипер
- малку масло за готвење
Instructions
1.4 калапи (модли за мафини) се премачкуваат со тенок слој путер и се обложуваат со сланината.
2.Кромидот се сечка на тенки полукругови, се меша со сечаниот лук, се додава малку сол, масло и се пржи се додека кромидот стане прозрачен. Се става ¼ од кромидот врз сланината.
3.Спанаќот се попарува со зовриена вода, се остава неколку минути да омекне, се цеди и се дели на 4 дела. Се става ¼ од спанаќот врз кромидот и едно парче издробено сирење.
4.Врз сирењето се крши едно јајце. Така приготвените калапи се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути или се додека јајцето се испече.
5.Во секој калап се додава парче кашкавал, се враќаат во рерна уште неколку минути додека кашкавалот се растопи. Јајцата „Импресија“ извадете ги од калапите и послужете ги.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна