Ако сте љубители на едноставните, прави и чисти линии, нема причина зошто да не си направите и овогодинешните велигденски јајца со ваков дизајн. Постапката за добивање на вакви шари е многу едноставна. Се што ви е потребно се повеќе ластичиња (ако можете да најдете некои пошироки, уште подобро). Значи, поставете ги ластичињата врз јајцето, а потоа спуштете го во бојата и понатаму следете го упатството за боење. Навистина без мака!