„Виталиа“ компанија за здрава храна го потврди своето лидерство на својата прослава по повод 20 години постоење. Додека траеше корпоративната прослава компанијата се закити со признанието 13 Ноември од Град Скопје за проектот 5-ка за здрава храна – проект за едукација на младата популација за здрава храна и практикување здрав животен стил

Компанијата за здрава храна Виталиа, изминатата недела во присуство на своите соработници, бизнисмени, љубители на здравиот живот и приврзаници на брендот го прослави својот 20-ти роденден.

Во пријатен амбиент во ресторанот Ден и Ноќ, со повеќе од 250 гости и во присуство на целиот тим, компанијата Виталиа која е лидер на пазарот за здрава исхрана ја прослави својата јубилејна годишнина. На прославата беше презениран развојниот циклус на компанијата, новите производни линии, извозни достигнувања, општествено одговорни кампањи како и награди и признанија.

Додека траеше прославата на компанијата во истовреме, Градот Скопје ги доделуваше признанијата за 2012 година, а престижната награда 13 Ноември и припадна токму на компанијата Виталиа. Наградата беше доделена за проектот „5-ка за здрава храна – проект за едукација на младата популација за здрава храна и практикување здрав животен стил“. Со оваа награда Виталиа уште еднаш се потврди како општествено одговорна компанија чија стратегија е континуирано унапредување и вложување во заедницата.

„Да се работи 20 години со визија за лидерство во производството на здрава храна и да се успее во реализација на таа визија е голем успех. 20 години ги препознаваме потребите на потрошувачите и успешно ги реализираме во финален производ, создавајќи вкусна здрава храна достапна за секого и присутна во сечиј дом. Во овие 20 години целосно се вложивме во запознавањето на потрошувачите со бенефитите од здравата храна, да им ја претставиме како инвестиција во сопственото здравје. Активно ги следевме новитетите во прехранбената технологија и ги применивме во креирање оригинални иновативни продукти со додадена вредност, чиј знак за квалитет е Виталиа – made in Macedonia. Во овие 20 години ја негувавме хуманоста, помагаме, донираме, едуцираме, впрочем тоа ги исполнува нашите срца и дополнително не мотивира да продожиме со нашата благородна мисија – со здрав храна да создаваме здрави генерации.“, изјави Искра Ветаџокоска Муцунска, управител и косопственик на Виталиа.

Корпоративната прослава е само дел од роденденската кампања на компанијата на Виталиа која до крајот на месецот ќе организира уште неколку изненадувања за своите потрошувачи.