Качамакот е старо традиционално јадење на балканските простори препознатливо по неколку имиња како качамак, бакрдан или палента. Остриот вкус на пченкарното брашно во комбинација со добро овчо сирење, јогурт и кајмак е идеален оброк, вкусен појадок, закуска или вечера.
Качамак
By May 7, 2013
Published:Качамакот е старо традиционално јадење на балканските простори …
Ingredients
- 400 г пченкарно брашно
- 1 л вода
- ½ лажичка сол
- 200-250 г сланина
- 2-3 лажици свинска маст
Instructions
- 1.Во поширок сад ставете ја водата да зоврие и додадете ја солта.
- 2.Кога водата ќе зоврие, тргнете го садот настрана и полека додавајте од брашното така што да остане на површината.
- 3.Со рачка од дрвена лажица направете 5-6 дупки и вратете го садотна оган. Намалете ја температурата на оганот. Смесата не треба силно да врие, туку само да почне да излегува вода низ дупките.
- 4.Откако ќе започне да врие, ама слабо, покријте го садот со капак и оставете го качамакот да се вари околу 20 минути. Доколку смесата врие силно намалете ја температурата, ако пак престанала да врие, зголемете ја температурата.
- 5.Сланината исечкајте ја на парчиња и пржете ја на тивок оган. Откако сланината е испржена, додајте ја свинската маст и оставете да се растопи.
- 6.Со дрвена лажица измешајте ја смесата. Бидејќи се меша тешко и има грутчиња суво неизмешано брашно, со миксер, измешајте ја смесата. Грутките веднаш ќе ги снема.
- 7.Смесата која ќе ја добиете е лепливо тесто, но кога во неа ќе се истури сланина и маста, ситуацијата се променува. Добро промешајте ја смесата со рачка од дрвената лажица.
- 8.Откако е се добро имешано садот покријте го со сува крпа (за да ја впие влагата), врз крпата ставете капакот и оставете ја така некое време малку да се олади. Потоа со вилушка се дроби добиената смеса и може да се сервира.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна