Кадаифот е деликатес кој е направен од тестенини, обично наполнет со бадеми, фстаци, лешници или ореви и секогаш прелиен со шербет. Иако корените на овој десерт потекнуваат од Палестина, благодарение на турската окупација се шири на Балканот и станува едно од омилените слатки задоволства.
Кадаиф
By October 31, 2012
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 35 mins
Кадаифот е деликатес кој е направен од тестенини, обично наполнет со …
Ingredients
- 150 г путер (растопен)
- 300 г кадаиф
- 200 г мелени ореви
- 100 г суво грозје
- 1 кора од лимон
- 1 кора од портокал
- 1 сок од лимон
- 350 г шеќер (состојки за сируп)
- 500 мл вода (состојки за сируп)
- 1 ванилин шеќер (состојки за сируп)
- 1 исечкан на крукчиња лимон (состојки за сируп)
Instructions
1.Дел од растопениот путер распоредете го во плехот за печење. Наредете дел од кадаифот, посипете со мелени ореви и рендана кора од лимон и портокал.
2.Повторно додадете од растопениот путер и посипете со сувото грозје.
3.Постапката повторете ја се додека не ги потрошите сите состојки. Одозгора сипете сок од лимон и печете 15 минути на 180 степени се додека површинскиот слој не добие златно кафена боја.
4.Во лонец со вода, ставете шеќер, крукчиња свеж лимон, ванилин шеќер и преостанатото суво грозје. Гответе го 10 минути.
5.Испечениот кадаиф прелијте го со сирупот и на површина распоредете ги крукчињата лимон. Кадаифот се сервира ладен.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна