Се чини дека стресот е една од последиците на современиот начин на живот, и сакале ние или не, сме и тоа како подложни на неговите ефекти. Со ова темпо на живот, работа, постојано трчање и секакви нервози изгледа дека практично стресот и не може да се избегне. Меѓутоа можеме нешто да направиме за барем малку да го намалиме, ако веќе не можеме да го искорениме комплетно. Во продолжение ви даваме неколку совети како да го намалите стресот со промени во башата секојдневна исхрана.

Намалете го кофеинот и различните стимуланси.

Кофеинот ви дава чувство на енеругија и виталност, но во суштина може да има и негативни ефекти. Затоа обидете се да ја намалите дневната доза на кофеин и барем утринското кафе да го замените со природен чај. На тој начин, не само што ќе ја добиете потребнаа енергија, туку и ќе ги смирите нервите, подготвувајќи се за уште еден напорен ден во канцеларијата.

Намалете го шеќерот.

Слично како и кофеинот, шеќерот ќе ви даде моментален наплив на енергија, но и ќе ве остави истоштени и исцрпени по изминувањето на ефектот. Вишокот на шеќер исто така создава вознемиреност и ментална затапеност (нешто слично на депресија). Ако ви е потребен шеќер, посегнете по свежо овошје наместо по парче чоколадо или некоја слатка.

Јадете кафен ориз.

Кафениот ориз е една од најурамнотежувачките намирници. Преполн е со витамини од групата Б кои се неопходни за справување и третирање на стресот, а содржи и големо количество на диетални влакна и други нутритиенти кои се важни за општата добросостојба на организмот.

Јадете свежо зеленило.

Стресот е главниот виновник за зголемување на киселоста на вашиот организам. Кога киселоста е зголемена, организмот се труди да го неутрализира ефектот со тоа што извлекува дополнително количество на калциум од коските. Резултат – остеопороза. За да го спречите ова јадете колку што можете повеќе зелен лиснат зеленчук (зелена салата, спанаќ, блитва,  и слично).

Додадете зачини во секојдневната исхрана.

Постојат голем број на зачини кои се многу активни во процесот на намалување на стресот и отстранување на неговите последици. Босилекот, на пример, е мевлем за нервниот систем. Чајот од камилица или валеријана исто така може да направи чуда за релаксација на умот и организмот во целост.

Гответе.

Истражувањата покажуваат дека ангажирањето во кујната и активното приготвување на храна може многу да влијае на стресот. Имено, концентрацијата потребна во готвењето брзо ги отстранува сите други мисли и проблеми од вашата глава, а фактот што на крајот ќе можете да уживате во нешто вкусно и слатко дополнително го зголемува вашето чувство на среќа.