Некои луѓе воопшто не внимаваат на тоа што и колку јадат, а пак не се дебелеат. Други се постојано на диета, а килограмите никако да се намалат. Главниот виновник за тоа е метаболизмот. Луѓето кои имаат побрз метаболизам можат да јадат повеќе и да останат витки, додека луѓето кои имаат побавен метаболизам се жалат дека им се лепат килограми дури и од самиот поглед на чоколадо.

Ако не се чувствувате добро во својата кожа, сега е совршено време да превземете нешто во врска со тоа. Во продолжение ви даваме неколку совети како да си го забрзате метаболизмот и да си го олесните намалувањето на вишокот килограми.

Вежбајте и вежбајте! Со вежбање се зголемува мускулната маса, а со тоа полесно ќе можете да ги согорувате мастите во организмот бидејќи мускулите трошат 8 пати повеќе калории од кое било друго ткиво во организмот. Изберете било каква физичка активност и добро темпирајте го времето за вежбање.  Најдобро време за вежбање е всушност оној период во денот кога можете напорот најлесно да го поднесете, а за најголемиот број на луѓе тоа е утрото. Одреден број на хормони го достигнуваат своето максимално ниво токму наутро, а ова најмногу го поттикнува метаболизмот. Затоа, многу поголем ефект ќе имате ако вежбате наутро, отколку ако вежбате доцна попладне или навечер.

Сонот е исто така многу важен бидејќи претставува основа за рамнотежата на вашиот метаболизам. Кога не сте наспиени, метаболизмот се успорува па станувате гладни и посегнувате по јаглехидрати, блага или масна храна, а тоа ве враќа точно таму од каде што тргнавте. Затоа е најдобро да воведете распоред за конзумација на јаглехидрати. Никогаш немојте да си легнувате со полн желудник, бидејќи тоа е времето кога метаболизмот е најспор. Јагледратите тогаш се претвораат во маснотии, па затоа е најдобро да ги избегнувате после 5 часот попладне. Постои мит за тоа дека мали меѓуоброци ќе ви помогнат во согорувањето на мастите, бидејќи тие го забрзуваат метаболизмот. Вистината е дека, на тој начин, брзината на согорување се зголемува само за 10%. Но, важно е да се внесуваат протеини со секој оброк.

Важно е протеините да бидат составен дел од секое јадење, бидејќи тие го градат мускулното ткиво кое ги разградува мастите. Исто така, протеините побрзо создаваат чувство на ситост. Истражувањата покажуваат дека луѓето чија диета се состоела од 55% протеини и 45% јаглехидрати губеле повеќе килограми отколку луѓето чија диета имала обратен однос.

Неколку совети како да го забрзате метаболизмот

  •  Избегнувајте кофеин се до 1 час пред да почнете со вежбање, бидејќи кофеинот така ќе ви помогне да согорите повеќе масти.
  • Доручкувајте праски бидејќи содржат природни јаглехидрати кои му се лесно достапни на вашиот организам во моментите кога му треба мал енергетски поттик, или доручкувајте мусли бидејќи се исто така богати со јаглехидрати кои бавно се отпуштаат во организмот, па тој подолго време има пристап до состојките што му требаат.
  • Јадењата како пилешко со ориз или шпагети со сос од мелено месо се добри за вашиот организам бидејќи содржат голем број на протеини.
  • Јадете зрели банани кои ви даваат енергија пред или за време на вежбањето.
  • После трчање грицкајте солени лешници или бадеми бидејќи тие се одличен извор на електролити (натриум) кои се многу важни за воспоставување на рамнотежата на телесните течности што се губат со потењето.
  • Зелениот чај е добар за согорување на калории. Едно истражување спроведено во Швајцарија покажало дека луѓето кои конзумирале зелен чај имале околу 5 проценти повеќе согорени калории од оние кои внесувале кофеин.