Ако сладоледот, колачињата, тортите и газираните пијалоци ви се Ахилова пета, не грижете се. Постојат начини кои можат да ви помогнат да ја изгубите (или барем намалите) својата зависност од слатки). Пробајте некои од нив и ќе видите дека откажувањето од шеќер и не е толку тешко колку што изгледа на прв поглед.

Постои причина зошто не можете да си ги држите прстите понастрана од слатките работи. Кога јадете шеќер, тој стимулира излачување на шеќер во вашиот организам, што ви дава чувство на задоволство. Вашиот мозок го препознава тоа чувство и почнува да бара уште. Можеби и не сте знаеле дека хероинот, морфиумот и шеќерот всушност ги стимулираат истите рецептори во мозокот. А зголемувањето на телесната тежина и не е единствената опаснот. Некои скорешни истражувања го поврзуваат шеќерот со различни опасни болести како нарушување на работата на бубрезите, срцеви болести, па дури и рак. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат да се изборите со својата зависност од шеќерот и слатките.

Јадете почесто

Наместо да се ограничите на само два или три оброка дневно, јадете на секои три или пет часа, но помали количини. Ако се плашите дека зголемениот број на оброци може да влијае на вашата телесна тежина, распределете ги оние оброци кои веќе  ги имате, наместо да додавате нова храна. На пример, ако за појадок обично јадете парче леб со сирење и јогурт, сочувајте го јогуртот и испијте го 2 или 3 часа подоцна. Ако за ручек јадете месо со салата, сочувајте ја салатата и изедете ја како меѓуоброк. Или едноставно додадете парче свежо овошје  меѓу главните оброци.

Додадете овошје во своите оброци

Со додавање на природно слатки продукти во оброците, како цели свежи или сушени овошја, можете да го измамите својот организам да мисли дека јадете слатки, така што желбата за благо е задоволена уште пред да стигнете до десертот. Можете на пример да додадете лажичка природен џем од брусници на парчето печено месо, или половина манго заедно со парчето пилешко, или пак шака суво грозје во порцијата ориз. Експериментирајте и не се плашете да ги измешате вкусовите.

Комбинирајте

Ако баш не можете да се откажете од слатко, тогаш органичете се на нешто поедноставно и комбинирајте го со поздрава храна. На пример, наместо да јадете парче торта или колач, земете банана и полијте ја со растопено темно чоколадо или пак макнете ја во растопен еурокрем. Исто така, добра комбинација е мешање на бадеми со парченца чоколадни кекси или снегулки. Ако не можете да се откажете од еурокремот, заменете го со мешавина од путер од кикирики и растопено темно чоколадо. Една лажичка од оваа смеса ќе ја задоволи желбата за слатко, а е далеку поздрава и подобра опција отколку готовиот еурокрем.

Јадете овошје

Што ќе почувствувате желба за слатко, грабнете јаболко, крушка, јаготки, грозје, банана или некое друго овошје по желба. Дури можете да смрзнете парчиња од мешано овошје, па да ги јадете како леден десерт. Сепак, обидете се да стоите понастрана од овошните сокови, бидејќи тие брзо се претвораат во шеќер кога ќе ги внесете во организмот, па може да предизвикаат чувство на глад, што ќе ве натера повторно да јадете.

Земете гума за џвакање

Ако пак сакате комплетно да се откажете од шеќерот, без разлика дали е тоа дел од некоја диета или само решение, набавете си повеќе пакетчиња со гуми за џвакање. Секогаш кога ќе посакате нешто слатко, земете гума за џвакање и џвакајте најмалку половина час или додека не почувствувате дека желбата за шеќер е задоволена.

Станете и прошетајте

Би било одлично доколку можете да станете и да си заминете од местото каде што сте секогаш кога ќе ви пријаде нешто слатко. Не мора тоа да биде прошетка, потребно е само да го смените сценариото, собата, атмосферата во која се наоѓате. Прошетајте, провозете се со велосипед, правете било каква активност која ќе ви помогне да се фокусирате на нешто друго наместо на храната и слатките.