Утрото не е вашиот омилен дел од денот? Не сте единствени!

За многумина од нас, утрото значи станување рано, брзање за на работа, подготовка на децата за училиште или градинка. И покрај сето тоа, потребно е да мислите и на појадокот – да биде лесен, вкусен, и по можност и здрав. Во недостаток на време, тоа е скоро невозможна мисија.

За среќа, решение за овој проблем постои. За појадок напијте се вкусно фрапе од зелен лиснат зеленчук и овошје, кое исто го нарекуваат и смути или зелен кашест сок.

Зелениот кашест сок е лесен и здрав. Ќе го сакаат сите членови на вашето семејство, а се подготвува за само 5 минути.

Зелен кашест сок – што е тоа?

Викторија Бутенко, авторката на книгата “Зелено за здравје“ смета дека зелениот лиснат зеленчук е совршена храна за човекот. Ваквиот зеленчук е полн со витамини, минерали, влакна, хлорофил и аминокиселини, кои се составни делови на протеините. Тоа е практично се што ни треба за добро здравје.

Меѓутоа, да се јаде сиров зеленчук и не е толку лесно. За да стигнете до неговите здрави и вредни состојки, потребно е добро да го изџвакате. Освен тоа, овој зеленчук има и специфичен вкус поради кој е тешко да се јаде во сирова форма во поголеми количини.

Поради овие причини, зелениот кашест сок е идеално решение. Тој е:

  • вкусен и лесен
  • брзо се подготвува
  • можат да го пијат сите членови на семејството
  • го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите
  • ја дава потребната енергија и освежување
  • го поттикнува природното слабеење
  • го подобрува расположението
  • му ги обезбедува на организмот сите потребни нутриенти
  • го спречува стареењето на клетките и карциномот
  • ја нормализира столицата
  • го подобрува помнењето, бистрината на умот и концентрацијата
  • Дали мешањето на зеленчук и овошје е здраво?

Веројатно имате слушнато дека комбинирањето на овошје и зеленчук не е здраво. Но зошто?

Ова е поради фактот што овошјето лесно се вари, додека повеќето зеленчуци содржат скроб на кој му треба повеќе време за да се свари во организмот. Како резултат на комбинирањето на вакви некомпатибилни намирници, храната останува во желудникот подолго време, што може да предизвика ферментација, надуеност, гасови, па дури и запек.

Но, за ова правило за некомбинирање на овошје и зеленчук постои и еден исклучок, а тоа зелениот лиснат зеленчук. Тој не содржи скроб и може без проблеми да се комбинира не само со овошје, туку и со било кој друг вид на храна.

Токму поради ова, Викторија Бутенко смета дека зелениот лиснат зеленчук треба да биде ставен во посебна категорија. Стучно гледано, овој зеленчук не е ни зеленчук, па во својата книга таа вели:

“Бидејќи го сметаат за зеленчук, многу луѓе на зелениот лиснат зеленчук ги применуваат истите правила кои се однесуваат на останатиот зеленчук кој содржи скроб. Зелениот лиснат зеленчук е единствена храна која лесно се вари заедно со било кој друг на храна. Овој зеленчук го поттикнува создавањето на ензимите за варење, и го прави организмот алкален (базен), што е исто така многу важно“.

Затоа, без грижа можете да уживате во вашата утринска доза на зелен кашест сок направен од овошје и зеленчук! Но, внимавајте. За подготовка на овој сок ќе ви биде потребен блендер, немојте да користите миксер во форма на стап!

Рецепти

1 банана

300 мл вода

100 г шумско овошје (свежо или смрзнато)

2-3 листови спанаќ

1 лажица кафеав шеќер или јаворов сируп (по потреба)

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте 1-2 минути. Сокот испијте го веднаш, во мали голтки. Оваа количина е доволна за еден оброк за едно лице.

Шумското овошје можете да го замените со кое било друго овошје (освен лубеница и диња), а спанаќот со кељ, зелена салата, блитва.

Сокови со зелена салата (кристал, ендивија, путерка …)

Подготовката е потполно иста. Ставете се во блендер и миксирајте додека не добиете компактна смеса.

Фрапе од боровници и салата

1 мала главица салата исечкана на коцки

1 зрела банана

1 чаша боровници (свежи или смрзнати)

1/2 чаша манго

1 1/2 чаша вода

Фрапе од цреши и салата

1 мала главица салата исечкана на коцки

1/2 чаша боровници

1/2 чаша манго

1/2 чаша цреши (без семки)

1 1/2 чаша вода

Фрапе од салата и јагоди

1 чаша јагоди

2 банани

1/2 главица салата

1 1/2 чаша вода

Сокови со спанаќ

Спанаќот има најсладок вкус од сите други видови зелен лиснат зеленчук. Затоа, ако подготовката на зелен кашест сок ви е нешто ново – започнете со спанаќ. Можете да почнете со 1-2 ракатки спанаќ, а кога ќе се навикнете, зголемете ја количината на 4-6 ракатки.

Чоколадно фрапе со спанаќ

1 голема банана

150-200 г свеж спанаќ

2 урми (без коски)

1 чаша боровници

1 лажица какао во прав

5 коцки мраз

1 1/2 чаша вода

Тропско фрапе со спанаќ

1 голема банана

1/4 авокадо

150 г свеж спанаќ

3/4 шолјичка ананас

3/4 шолјичка манго

1 лажица млеко од кокос (опционално)

1 лажица кафеав шеќер

1 1/2 чаша вода

Спанаќ со боровници и јагоди

1 голема банана

1 чаша боровници

1/2 чаша јагоди

150 г спанаќ

1 1/2 чаша вода

Зелени сокови со зелка

Сигурно ќе помислите дека фрапе направена од зелка има ужасен вкус, но се лажете. Со помош на овие едноставни рецепти можете да подготвите кашести сокови со неверојатни бои и вкусови.

ВАЖНО: При подготовка на овие рецепти, најпрво сомелете ја зелката заедно со водата во блендерот, а потоа додадете ги останатите состојки.

Розово фрапе со зелка

3-4 чаши зелена зелка исечкана на коцки

1 1/2 банана

1 чаша јагоди

1/2 чаша малини

1-2 лажици јаворов сируп (или кафеав шеќер)

2 коцки мраз

1 1/2 чаша вода

Чоколадно смути со зелка

1-2 чаши зелка

1/2 чаша бадеми

7 урми (без коски)

1 лажица јаворов сируп

1 1/2 лажичка какао во прав

1 чаша вода

7 коцки мраз

1 банана

Фрапе од зелка со капини

3-4 чаши зелена зелка

2 банани

1 чаша капини

1 чаша боровници

1 лажица јаворов сируп

4 коцки мраз

2 чаши вода