• Мирисот од риба на вашите раце ќе исчезне ако по чистење на рибата рацете ги истриете со сол или со вода во која сте додале малку оцет.
  • Ако по чистење на лук или кромид рацете непријатно ви мирисаат, можете да го решите проблемот ако едноставно ги истриете рацете со талог од турско кафе.
  • За да го отстраните непријатниот мирис од ладилникот доволно е да додадете 1 кафена лажичка сода бикарбона во водата со која го бришете ладилникот.
  • Микробрановата печка може исто така понекогаш непријатно да замириса. За да се отстрани ваквиот мирис, доволно е во чаша  со 100 мл вода да растворите две супени лажици сода бикарбона. Ставете ја чашата во микробрановата печка и вклучете ја две минути на максималната температура. Потоа само извадете ја чашата и избришете ја внатрешноста на печката.