Обожавате риба, често ја подготвувате, но никако да добиете совршено варено парче. Мигусто ве советува како да успеете во тоа и кои се најважните детали на што мора да внимавате.

-Теоретски може да ги варите видови риба, но најдобри резултати ќе добиете ако одберете парчиња со тежина од 500 до 900 грама. Оние поситните, ви препорачуваме да ги избегнувате.

-Рибата секогаш варете ја во супа. Ќе добиете многу подобар и побогат вкус, од обично варење во посолена вода. Најдобра е самите да приготвите супа со многу зеленчук и зачини, но можете да користите и готов бујон.

-Ако немате овален сад, а рибата не ја собира во тркалезен сад, завиткајте ја во прстен ставајќи и ја опашката во уста. Така ќе заштедите простор и нема да ја сечете рибата, детаљ кој е особено важен.

-На рибата никогаш не и ја отсекувајте главата, ако не ја собира во садот. Таа ја држи рибата цела и ако и ја отсечете главата, при варење, таа со сигурност ќе ви се распадне.

-Кога варите цела риба, најдобро е да наполнете еден сад до половина со супа. Ставете ја рибата и варете околу 12 минути. Доколку рибата е потешка од 900 грама, за да се свари ќе и треба нешто повеќе време. Пред да ја извадите оставете ја уште неколку минути во садот, но изгасете го огнот.

-Кога варите филети, употребете попикантна супа. Филетите наредете ги во еден слој, насечкајте зеленчук, а одозгора полијте со топла супа. Ако се помали филетите тие ќе бидат сварени за околу 10 минути.

Најдобри риби за варење

Ослич – риба со меко и вкусно месо, идеално да ја приготвите за вашите деца.

Бранцин – префинета риба со компактно месо и изразен вкус.

Пастрмка – вкусна, цврста и најсоодветна слатководна риба за варење.