Уф, уф, има ли нешто послатко од кекси потопени во топло млекце? Долго време си бев убедена дека ова е една од најслатките вечери (или појадоци) што воопшто постојат, но тогаш ги открив т.н. сендвич кекси. Значи, истата работа, пак си имаш кекс, арно ама збогатен со убаво црно или бело кремче. Леле, лудница. Па кога ќе омекне тоа кексот во млекцето, па го чувствуваш како ти се топи на јазик, па тоа кремчето од страна за сополнително уживање! Уф!

Туку, се зазборев, пак…Тргнав да ви кажам дека колку и да си го сакам ваквото десертче, малку и ме нервира бидејќи ми лигават прстите, не можам никогаш колачето цело да го потопам, ми паѓа во млекото па морам да го бркам со лажичка, и така некако …. несмасно ми е за јадење. Односно ми беше додека не открив дека си постоело специјално “лажиче“ за таа намена. Изгледа како кука која се закачува меѓу двете страни на колачето, па културно си го потопуваш третина, половина или цело, како сакаш, а рацете ти се секогаш чисти, и не ти капе млеко на сите страни! Е сега, мана му е што работи само со ова сендвич кексиве, ама забележувам дека по дома ама баш никој не ми се буни за таа работа!