За квалитетот на маслиновото масло во однос на другите типови на растителни масла нема што многу да се зборува. Речиси сите знаат дека станува збор за највкусното и најздравото масло за готвење и јадење. Но, малкумина знаат дека овој тип на масло е прилично осетливо и подложно на расипување, па затоа е многу важно како правилно да го чувате.

Кога купувате маслиново масло, побарајте ги оние во темни шишиња и секогаш проверете го датумот на производство. Многу видови на маслиново масло се продава во светли шишиња кои се изложени на светлина и поради тоа имаат пократок рок на траење и се подложни на расипување.
Маслиновото масло може брзо да се расипе ако не го чувате правилно. За разлика од виното за маслиновото масло не важи правилото дека станува подобро колку што е постаро. Напротив, најдобри маслинови се новите масла.

Квалитетните маслиново масла и ладно цедените масла имаат рок на употреба од една година, додека оние со послаб квалитет може да траат неколку месеци. Пред користењето на маслиновото секогаш мириснете го за да проверете да не е расипано.

-Чувајте го маслиновото масло на ладно и темно место. Топлината и светлината негативно влијаат на квалитетот и допринесуваат за побрза оксидација.

-Препорачаната температура за чување на маслиново масло е 14 степени. Ако маслиновото се наоѓа во темно шише собна температура до 21 степен исто така му одговара. Затоа чувајте го маслото подалеку од извори на топлина–вашиот шпорет или радијатори.

– Маслиновото масло најдобро е да го чувате во темно, непроѕирно стаклено шише или во сад од нерѓосувачки челик. Избегнувајте ги пластичните шишиња бидејќи маслото ќе апсорбира ПВЦ. Истото се однесува и на железните или бакарните садови поради опасноста од хемиска реакција.

-Маслото треба да биде добро затворено за да не доаѓа во контакт со кислород. Најдобро е да користите плутени тапи или пластични тапи кои добро затвораат.

-Маслата со послаб квалитет најдобро е да ги чувате во фрижидер. Маслото можно е да се замати, но брзо штом ќе го извадите од фрижидер ќе ја врати бистрината. Поквалитетните масла не ги ставајте во фрижидер. Ако користите поголема количина масло, најдобро е резервата секогаш да ја чувате во подрум.