Калинката потекнува од Персија, а нејзиното латинско име во буквален превод значи “јаболко преполно со семки“. Калинката е исто така и еден првите растенија кои се одгледувале како култури, заедно со маслинките, смоквите и грозјето. Расте во јужните и топли краеви, а плодовите созреваат во доцна есен, па дури и во почетокот на зимата. Плодот се состои од црвени зрнца кои имаат киселкасто-сладок вкус.

Калинката има силно антиоксидациско и против-воспалително делување.Научниците дури потврдиле дека екстракт од плодот на калинката има способност да го спечува растот и да ги убива ќелиите на рак на простатата.

Понатаму, сокот од калинка ја спречува оксидацијата на ЛДЛ холестеролот. Истражувањата во кои било набљудувано однесувањето на ЛДЛ холестеролот во присуство на сок од калинка покажале дека дури 40 проценти помалку ЛДЛ молекули оксидирале порадди присуството на сокот. Сокот од калинка се покажал и како исклучително успешен во спречувањето и на некои други процеси поврзани со појавата на артериосклероза.

Генерално, сокот од калинка има силна антиоксидациска моќ, поголема дури и од црното вино и зелениот чај. Прелиминарните студии покажале дека антиоксидацискиот капацитет на сокот од калинка е дури три пати поголем од истата количина на зелен чај или црно вино. Овој ефект научниците го припишуваат на содржината на фитохемикалии во калинката: полифенол, танин и антоцијан.

Според препораките на израелските научници кои особено внимание посветиле на проучувањето на калинката, една чаша сок од калинка дневно може значително да го намали ризикот од појавување на кардиоваскуларни болести.