Одвреме навреме навистина уживам во чашка жесток пијалок, особено кога сум во добро друштво и во опуштена и пријатна атмосфера. Само, иако е тоа против бонтонот на пиење на вакви пијалоци, јас си ги сакам со една-две коцки мраз. Така пијалокот ми е таман оладен и можам да уживам, но проблемот е во тоа што ова уживање не трае долго. Навистина, кога мразот ќе се стопи, ми се разводнува пијалокот и веќе ми го нема оној шмек што го сакам.

Среќа моја па скоро налетав на овие специјални камења за ладење. Работат исто како коцките мраз, со таа разлика што нема вода да се топи, па вкусот на пијалокот не се менува, додека ефектот на ладење е истиот, па дури и подобар. Камењава се супер штосни на изглед, доволно е да ги ставите во ладилник само еден час пред да се користат и можат да се мијат во машина за садови. Единствената, и кога велам единствената мислам НЕМА други, маана им се што се доста скапи, барем за нашиве македонски џебови.

Во секој случај, можете да ги најдете тука, а доволно ќе ви биде да си купите два за почеток. На здравје!