Постапката за подготовка на канелони и слична како онаа за подготовка на домашни шпагети, се подготвува истото тесто, корите се тенчат на ист начин, разлика е што тестото не се сече на лентички, туку се полни со фил и се ролува. Еве ја постапката:

Тесто

500 г брашно5 јајца и 1 лажичка сол.  Од јајцата, брашното и солта се замесува тврдо тесто. Тоа е и најтешкиот дела од работа. На почетокот ќе се чини дека тестото не може да го прими целото брашно, но треба да се биде упорен и да се меси. Откако е малку, тестото да се остава 10-15 минути да се одмори, па повторно кратко се меси. Така неколку пати. На крај  се добива мазно и тврдо тесто.

Следната фаза е танчење и сечење на тестото.

1. Рачно, без машинка  – Од тестото, со помош на оклагија, се сукаат тенки кори, онолку големи колку вам ви одговара. Од истегната кора се прави ролна која потоа, на дрвена (или пластична) даска, со остар нож, кората се сече на танки ленти. Ако тестото ви се лепи, слободно посипете го со брашно. Колку танки ќе се истанчат и колку долги ќе бидат тие ленти, зависи од вас и вашата желба. Јас обично ги сечам широки околу еден прст, а долги колку што ќе излезат. Формата е важна, но вкусот, секако е поважен.

2. Со машинка за јуфки  – Првин тестото се дели на помали топчиња. Тие се ставаат меѓу ваљаците на машинката и се извлекуваат кори, поточно долгнавести ленти. Со танчење на корите се започнува од најдебелиот степен. Лентите се оставаат 10 -15 минути да се потсушат (но не да испукаат) па се пристапува на следното танчење, сега веќе на потенкиот степен на машината. Постапката се повторува најмногу три пати, но ако тестото е доволно тврдо, може да се успее и само со две танчења. Задолжително е по секое тегнење, лентите да се остават малку да се потсушат.

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]


Канелони

За приготвување на полнети канелони се користат истегнатите ленти. Ваше е да изберете дали тие ќе бидат потенки или подебели. Канелоните се прават на следниот начин.

Подготовка на фил: Каков фил ќе употребите зависи од вашата желба. Тоа може да биде смеса од сирење, спанаќ и јајце, а може да биде и мелено месо претходно испржено со кромид и зачинето со сол и зачини.

Дното од тавата се прекрива со приближно  200-300 мл кечап или сос од домати или пак рендани свежи домати (малку пропржен), исечкан лук, зачини по желба и масло.

Сега веќе може да се почне со „полнење“ на канелоните. На работната површина се става една лента. На крајот од лентата се става 1-2 лажички од филот, само еднаш се завиткува лентата околу филот (краевите малку да се преклопат), со нож се сече лентата, а свитканата канелона се реди во тава. Постапката се повторува со целата лента и преостанатите ленти. Најдобро е канелоните да се наредат во еден ред, но не смета и ако се направат два реда. Се прелеваат со вода и тоа до половина од наредените, се додава сол, магдонос, лук, масло, може да се нареди еден слој тенко сечена сланина, тавата се покрива со алуминиумска фолија и канелоните се печат во рерна на 200 степени околу половина саат. Откако се испечени, се ренда кашкавал и се враќа повторно во рерната неколку минути или се додека кашкавалот не се растопи.