Вистински италијански рецепт за сите обожаватели на оваа кујна. Што друго да кажеме, освен дека се фантастични?
Канелони со месо
By October 23, 2012
Published:Вистински италијански рецепт за сите обожаватели на оваа кујна. Што …
Ingredients
- 1 јајце
- 450 гр мешано мелено месо
- 75 гр шунка или сланина (ситно исечкана)
- 2 главици кромид (средна големина)
- 120 мл супа (говедски бујон, од коцка))
- 45 мл бело вино
- 1 кафена лажичка суви зачини (по желба)
- 150 гр пармезан (рендан)
- 2 чешниња лук (ситно исечкан)
- 50-80 гр лебни трошки
- 1/2 морков (ситно исечкан или изрендан)
- 400 гр црвени домати (ситно исечкани)
- неколку ливчиња свеж босилек
- 1/2 кафена лажичка оригано
- малку масло за готвење
- 50 гр путер
- 50 гр брашно
- 900 мл млеко
- малку сусам, ким, крупна сол
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Во загреано масло ставете ја едната главица кромид (ситно исечкан) да се пржи околу 5 минути.
- 2.Кога кромидот ќе ја смени бојата, додадете едно чешне лук и меленото месо и пржете уште 10-тина минути.
- 3.Кога ќе се запржи месото, додадете малку суви зачини п желба, малку сол и црн пипер и истурете една половина од супата, поклопете го тавчето со капак и оставете да се динста на умерена температура околу 25 минути.
- 4.Повремено мешајте и додавајте го остатокот од течноста додека не ја потрошите супата и виното.
- 5.Во меѓувреме, подгответе го доматниот сос. Исечканите морков и лук ставете ги да се пржат во загреано масло на умерена температура околу 5 минути, со често мешање, а потоа додадете ги ситно исечканите домати, босилекот, ориганото и малку сол и црн пипер.
- 6.Залејте со малку вода (колку да се покрие смесата), поклопете и оставете да се вари околу 25 минути, повторно со повремено мешање. Забелешка: можете да искористите готов сос од домати, особено сос со парчиња домати во него (околу 500 мл)
- 7.Кога сосот ќе се свари, поминете го со рачен блендер или миксер за да се испасираат состојките убаво.
- 8.Во подлабок сад ставете го испрженото месо, шунката, лебните трошки, половина од пармезанот и јајцето и се убаво измешајте.
- 9.Истурете еден слој од доматниот сос врз дното на тавчето, а потоа редете ги канелоните наполнети со смесата од месо (внимавајте да ги ставите во еден слој). На крајот полијте ги со остатокот од сосот.
- 10.Направете го белиот сос (бешамелот) така што во тенџерче ќе го ставите путерот да се истопи, а потоа ќе го додадете брашното. Мешајте брзо со маталка за јајца додека не се добие густа смеса.
- 11.Додадете малку млеко и мешајте брзо за да се растопи брашното и да не останат грутки, а потоа додавајте малку по малку додека не го потрошите целото млеко.
- 12.Варете го сосот неколку минути додека млекото не почне да врие, а потоа тргнете го настрана и додадете малку сол или други зачини по желба.
- 13.Истурете го бешамелот врз канелоните и одозгора испрскајте ги со преостанатиот пармезан.
- 14.Печете ги канелоните во загреана рерна на 190 степени, околу 40-45 минути (канелоните треба да бидат меки кога ќе ги боцнете со вилушка). Оставете ги да се оладат околу 10 минути и послужете.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна