Обожавате капрезе салата, а притоа сте и мераклии на солени мафини. Одлично, вие сте вистинскиот кандидат да го приготвите овој интересен рецепт. Две во едно задоволство кое е идеално за доручек, попладневна закуска или лајт вечера. Уживајте!

Капрезе сендвичиња

By Гастронаут Published: September 12, 2012

    Обожавате капрезе салата, а притоа сте и мераклии на солени мафини. …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка на тестото1.Во поголем сад измешајте го брашното, пченкарното брашно, прашокот за пециво, солта, шеќерот и ставете парченца моцарела. Измешајте за да добиете еднолична смеса. Во друг помал сад растопете го путерот, ставете млеко и две јајца. Додадете ги исечкани парченца босилок. Измешајте и оваа смеса додадете ја во смесата со брашно. Убаво промешајте.
    2. Спремно за печење2.Загрејте ја рерната на 220 степени. Ако користите обични модли премачкајте ги со малку путер или масло за готвење. Ако користите силиконски нема потреба, но наша препорака и тие да ги премачкате. Наполнете ги модлите и печете околу 20 минути.
    3. Готово сендвиче3.Кога мафините ќе бидат готови (треба да добијат златно -кафена боја) извадете ги оставете ги неколку минути да се оладат. Потоа пресечете ги на половина и ставете на средина парче домат, моцарела и ливче свеж босилок.