Слатките карамелизирани јаболка и освежувачкиот вкус на сладоледот од ванила е феноменална комбинација, која ако до сега не сте ја пробале ова е вистинскиот момент. Едноставно десертче кое со сигурност ќе ви се допадне и сме убедени дека ќе стане еден од вашите специјалитети.
Карамел јаболка со сладолед од ванила
By July 2, 2012
Published:Слатките карамелизирани јаболка и освежувачкиот вкус на сладоледот од …
Ingredients
- 3 јаболка
- 1/3 шолја шеќер
- 1/2 шолја слатка павлака
- 2 лажички путер
- сладолед од ванила
Instructions
1.Јаболката исечете ги на кришки. Шеќерот ставете го во мало садче на тивок оган. Мешајте се додека шеќерот не се растопи.
- 2.Потоа додадете ја слатката павлака. Мешајте постојано за да не ви загори.
3.Во друг сад во меѓувреме растопете го путерот, додадете ги јаболката и пропржете ги додека не добијат златна боја.
- 4.Откако убаво ќе се запржат врз нив ставете го карамел преливот и промешајте.
- 5.Во четири чаши сервирајте ги карамел јаболката со сладоледот од ванила. Одозгора ствете малку од преливот. Бон апетит.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна