На овој десерт навистина е тешко да се одолее и да се каже дека е доволно да се изеде само едно колаче. Карамел и плазма, се е кажано.

Карамел плазма колачиња

By Тетка Биберче Published: July 22, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 45 mins

На овој десерт навистина е тешко да се одолее и да се каже дека е доволно …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото од бисквити1.Во блендер, ги мелеме бисквитите. Додаваме вода и растопен путер и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса.
  2. Спремно тесто од бисквити2.Доколку тестото ви се распаѓа, додадете уште малку вода и повторно добро измешајте го тестото од бисквити.
  3. Калапчиња намачкани со путер3.Калапчињата во кој ќе ги печете колачињата добро намачкајте ги со путер.
  4. Тесто од бисквити врз калапчињата4.Ставете од тестото од бисквити во калапчињата и со прсти подеднакво распоредете го.
  5. Испечени колачиња5.Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 7-10 минути или се додека не се исуши тестото и станат малку крцкави.
  6. Крем од ванила6.Во меѓувреме, подгответе го кремот од ванила. Со миксер, прашакот за подготовка на крем изматете го со 125 мл ладно млеко.
  7. Додавање на мелени бисквити7.Во готовиот крем од ванила, додадете мелени бисквити и со лажица измешајте.
  8. Карамел8.Карамел крем: растопете го путерот, па додадете го шеќерот. Гответе го на умерен оган, со констатно мешање, се додека не се растопи шеќерот и добие кафена боја.
  9. Карамел9.Слатката павлака стоплете ја (но не да зоврие). Садот со шеќер тргнете го од оган и постепено, со константно мешање, додавајте од павлаката. Вратете го на оган само уште една минути и потоа карамелот е готов.
  10. Полнење на колачињата со крем10.Ванила кремот ставетего во шриц и наполнете ги колачињата.
  11. Карамел врз колачињата11.Одозгора сипете од подготвениот карамел.
  12. Карамел плазма колачиња12.Пред сервирање, врз колачињата, наросете малку рендано чоколадо. Добар апетит!