Идеално вкусен и свеж десерт за кој ви требаат најмногу 10 минути. Иако можеби делува малку невообичаено, ви гарантираме дека нема да се покаете ако го пробате.

Карамелизирани јагоди

By Гастронаутка Published: July 6, 2013

    Идеално вкусен и свеж десерт за кој ви требаат најмногу 10 минути. Иако …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Ставете ги измиените јагоди (заедно со ливчињата) во подлабок сад со ладна вода, во која сте ги ставиле и коцките лед и оставете ги да постојат околу 5-10 минути.
    2. 2.Во меѓувреме, во подлабок сад ставете ги карамелите, солта и шлаг пената и растопете ги во микробранова печка или на пареа.
    3. 3.Извадете ги јагодите од водата и убаво забришете ги со кујнска хартија (треба да бидат суви).
    4. 4.Забодете чепкалка за заби во врвот на јаготката, а потоа спуштете ја во смесата со карамел така да се покрие околу 3/4 од јагодата.
    5. 5.Веднаш потоа провалкајте ја јагодата во чинија во која сте ги ставиле сечканите бадеми, лешници, ореви (можете да измешате и фстаци или индиски оревчиња).
    6. 6.Наредете ги готовите јагоди во послужавник кој сте го покриле со хартија за печење и оставете ги во фрижидер додека не се стегне карамелата.