Карамелизирани праски со додаток сладолед од ванила. А, одозгора сосче и дробени индиски оревчиња. Мјамиии. Феноменален домашен афродизијак кој ќе ја потикне вашата фантазија. Задолжително направете повеќе. Нека има 🙂
Карамелизирани праски со сладолед
By July 27, 2012
Published:Карамелизирани праски со додаток сладолед од ванила. А, одозгора сосче и …
Ingredients
- 4 зрели праски
- 2 лажички путер
- 2 лажички шеќер
- ½ лажичка цимет
- ½ шолјичка индиски оревчиња (или бадеми, лежници, ореви)
- сладолед од ванила (може по желба)
Instructions
- 1.Праските исечете ги на половинки и исчистете ги од семките. Во грил тава растопете путер, ставете цимет и шеќер и на тивок оган гответе ги праските додека не добијат убава карамелизирана боја. Нема да ви треба повеќе од 10 минути.
2.Сервирајте парченце праска со топка сладолед од ванила, а одозгора посипете од сосчето во кое се карамелизираа праските. Наросете дробени индиски оревчиња. Едноставно, но бескрајно вкусно десертче.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна