Иако кај нас мешањето на месо и шеќер (или мед) не е многу популарно, ниту пак традиционално, но тоа не значи дека една ваква комбинација нема да ви се допадне. Напротив, ние сме сигурни дека ќе уживате во богатството на вкусови. Затоа, пробајте!

Карамелизирано свинско

By Гастронаутка Published: August 16, 2013

    Иако кај нас мешањето на месо и шеќер (или мед) не е многу популарно, ниту …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Во подлабок сад измешајте го кафеавиот шеќер со црвениот и црниот пипер, ѓумбирот и солта.
    2. пржење2.Со половина од смесата добро измачкајте го месото, а остатокот сочувајте го за подоцна. Во тавче за пржење загрејте малку масло, а потоа пропржете го месото додека малку не зарумени од сите страни.
    3. 3.Префрлете то месото во тавче за печење (можете да го ставите врз хартија за печење) и печете го во загреаната рерна 25-30 минути. После 15 минути печење превртете го за да се запече и од другата страна.
    4. пропржување4.Извадете го месото и оставете го да се олади околу 10 минути. Во меѓувреме исечкајте го кромидот на покрупни парчиња и ставете го да се пржи.
    5. карамелизирање5.Исечкајте го месото на потенки парчиња и додадете го во тавчето кога кромидот ќе почне да омекнува. Пропржете заедно 2-3 минути, а потоа додадете го остатокот од смесата со шеќер и зачини.
    6. 6.Пржете заедно се додека шеќерот убаво не се растопи, а месото стане малку лепливо од сосот. Послужете го топло, декорирано со исечкан млад кромид. Одлично оди во комбинација со ориз и со компири.