Понекогаш навистина се воодушевувам од малите работи. Како на пример оваа. Ни помалку, ни повеќе, туку специјален сечко за зелена салата (не сум сигурна, ама мислам дека навистина не може да се употреби за ништо друго!), и тоа под називот карате сечко! Па како човек да не се воодушеви! Само името му беше доволно да ме зашемети, а да не ја спомнувам функцијата.

Заклучокот драги мои, е дека зелената салата никако не смее да се сече со обичен нож. Не е модерно, не е тренди, едноставно не е добро да користите обичен нож и тоа е тоа. Без дискусија. Туку, да не ја должам многу приказнава, посетете си го овој линк и веднаш нарачајте си карате сечко за зелена салата. Можеби нема да ви заврши многу работа во кујната, ама сигурно ќе ви овозможи малку забава, особено ако сакате да ги вклучите најмладите во процесот на готвење (сакав да речам – во процесот на подготовка на салата!).