Уште еден прекрасен специјалитет од кујната на Наташа Алексовска. Одлична промена за вашата трпеза, особено сега кога модрите патлиџани ги има во изобилство и се многу евтини. Добар апетит!

Ќебап со домати

By Наташа Алексовска Published: October 28, 2013

    Уште еден прекрасен специјалитет од кујната на Наташа Алексовска. …

    Ingredients

    Instructions

    1. модри домати1.Модрите домати, измијте ги, излупете ги и исечете ги на тенки кришки по должина. Во сад сипете 1 литар вода, малку посолете и потопете го исецканиот модар домат.
    2. топчиња од месо2.Оставете ги така модрите домати да стојат 1 час. Од мелено месо и исецкан кромид, презла и останатите зачини направете компактна смеса и обликувајте топчиња.
    3. испржете ги топчињата3.Пред печење топчињата малку притиснете ги со рацете. Топчиња малку пропржете ги на масло од двете страни.
    4. Завиткајте ги доматите околу топчињата4.Модрите домати извадете ги од вода, малку просушете ги на чиста крпаи пржете ги да поруменат од двете страни.
    5. и уште еднаш5.Земете по едно топче месо, ставете го на едно парче модар домат, завиткајте го во ролат. Земете второ парче модар домат преклопете со него и зацврстете со чепкалка.
    6. додадете парче црвен домат6.За да се подобро зацврсти, ставете на секое едно парче модар домат, по една коцка пиперка, прицврстете со чепкалка, а потоа ставете едн коцка домат.
    7. спремни за печење7.Редете ги во ватростален сад. Печете на 220 степени околу 20 минути.