За Haloween (иако не е наш празник), израдувајте ги вашите деца со колачињата на кои ќе им се радуваат на  часовите по Англиски јазик.

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]

 

Кекси духчиња

By Валентина Крстевска Published: October 31, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 40 mins

За Haloween (иако не е наш празник), израдувајте ги вашите деца со колачињата …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Од алуминиумската фолија обликувајте топчиња со големина на пинг-понг топче.Со парче фолија, прекријте го топчето и обликувајте дел кој ќе личи на чаршафите со кои вообичаено се представуваат духови (погледнете ја сликата).
  2. 2.Изматете ја белката со солта во многу цврст снег.
  3. 3.Во друг сад изматете го маргаринот со шеќерот,додајте ја изматената белка,дел по дел од брашното,а кога не може да се мати веќе со миксерот,продолжете да месите рачно.
  4. 4.Направете кора дебела најмногу 4-5 мм,со чинивче за грицки или пудинг исечете кругови, малку досукајте ги за рабовите да бидат неправилно развлечени, и поставете ги преку калапчињата.
  5. 5.Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, најмногу 5-8 минути.
  6. 6.Оладени, одвојте ги колачињата од калапите, исцртајте ги со чепкалка за заби со растопеното чоколадо со маслото, внатрешноста по желба наполнете ја со печен крем или мало парченце од тиква, некој ваш омилен крем или само бонбони.