Домашните кекси се секогаш добродојдени, дали како десерт или закуска со кафе, па дури и како ужинка за на училиште или работа. Овој пат решивме да ги направиме со лимета, која им дава специфичен и освежителен вкус, и не згрешивме иако многу сличен, да не речеме скоро ист ефект се добива и ако се направат со лимон.

Кекси со лимета (или лимон)

By Гастронаутка Published: October 31, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 35 mins

Домашните кекси се секогаш добродојдени, дали како десерт или закуска со …

Ingredients

Instructions

  1. Иматете го путерот, шеќерот и кората од лимета1.Загрејте ја рерната на 180 степени. Во подлабок сад со миксер добро изматете го путерот, 200 г шеќер и ренданата кора од лимета.
  2. Замесете тесто2.Кога смесата ќе стане светла и пенаста, додадете го сокот од лимета и измешајте добро. Додадете го прашокот за печиво, солта, 1 лажичка мускатно оревче и 1 лажичка цимет. На крајот постепено додавајте го брашното со постојано мешање додека не се добие компактно тесто.
  3. Топчињата извалкајте ги во смесата од шеќер3.Во посебна чинија измешајте ги останатите 100 шеќер, 1 лажичка мускатно оревче и 1 лажичка цимет. Од тестото правете мали топчиња (како помало оревче) и секое топче извалкајте го во смесата со шеќер.
  4. Направете кекси од топчињата4.Поставете ги топчињата врз хартија за печење, а потоа со дното од чаша притиснете го секое топче за да добиете кекс.
  5. Подготвени за печење5.Печете ги кексите околу 15 минути или додека не добијат златно-кафена боја. Оставете ги да се оладат на решетка пред да ги послужите.