Не знам за вас, но ние овде во Мигусто сме страшно големи љубители на нескафе, а не заостануваме ни по љубовта кон чоколадото, и општо…љубовта кон се што е слатко. Затоа денес ви претставуваме едни од нашите најомилени кексчиња (за со кафе, а богами и за онака….). Пробајте!

Чоколадни кекси со нескафе

By Гастронаутка Published: July 19, 2013

    Не знам за вас, но ние овде во Мигусто сме страшно големи љубители на …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Загрејте ја рерната на 190 степени. На пареа или во микробранова печка растопете 115 грама од чоколадото, а остатокот сочувајте го за подоцна.
    2. 2.Путерот добро измешајте го со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а потоа додадете ја растопената чоколада и кафето.
    3. 3.Брашното измешајте го со густинот и прашокот за пециво, а потоа смесата постепено додавајте ја во смесата со растопено чоколадо.
    4. 4.Кога добро ќе се соединат двете смеси, со шриц правете украсни кругчиња во тавче врз хартија за печење (ако ви е смесата многу тврда па не поминува низ шприцот, додадете 2-3 супени лажици млеко и измешајте).
    5. 5.На средината на секое колаче ставете по еден излупен бадем. Печете ги 15 минути во загреана рерна.
    6. 6.Забелешка: Не се многу благи, па слободно додадете шеќер во прав, а се највкусни ако постојат неколку дена откако ќе се направат.