Кога прв пат го видов овој рецепт на интернет, веднаш го ставив под омилени, иако го немав пробано… Да имаше категорија најомилени, сигурно таму ќе го сместев веднаш откако го пробав… Зашто? Бидејќи по вкус беа одлични, а на изглед… па мора сами да пресудите…
Кифли „детелина“
By November 13, 2015
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 1 hr 30 mins
Кога прв пат го видов овој рецепт на интернет, веднаш го ставив под …
Ingredients
- 600 г брашно
- 1 јајце
- 100 мл кисело млеко
- 200 мл млеко
- 100 мл масло за готвење
- 2 лажички сол
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка шеќер
- 1 кесичка сув квасец
- 150-200 г салама (исечкана на кругчиња)
- малку сусам, ким, крупна сол
- 1 жолчка (за премачкување)
Instructions
1.Брашното замесете го заедно со киселото млеко, млекото, маслото за готвење. Додадете јајце, сол, шеќер, прашок за пециво и сув квасец и месете се додека не добиете фино тесто. Покријте го и оставете го на топло да нарасне барем дупло.
2.Тестото расукајте го со дебелина од 4-5 мм и со кружен калап вадете крукчиња, со истиот тој калап исечете ја и саламата.
3.Врз еден круг ставете салама а врз неа ставете уште еден круг.
4.Со оштар нож, засечете го на осум места така да добиете осум триаголници или пак четири пара триаголници.
5.Кај секој пар триаголник, едниот завртете го на десна а другиот на лева страна и спојте ги краевите.
6.Постапката повторете ја со останатите пара триаголници, така да добиете форма на детелина.
7.Секоја детелина намачкајте ја со изматено јајце или жолчка и во средината наросете со сусам или ким или нешто по ваш избор.
8.Печете ги во загреана рерна, на 200 степени, околу 15до 20 минути. Оставете ги малку да се оладат и сервирајте ги.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна