Неодамна, во еден од нашите поголеми супер маркети купив брашно т-950 т.е пченично црно брашно за леб и пециво. Мојата љубопитност отиде до таму, што со ова брашно подготвив се :) леб, пита, пица, кифли…. Резултат: одлично се меси, супер стасува и вкусот на пецивата е одличен.

Кифли од црно брашно

By Тетка Биберче Published: October 30, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 1 hr 25 mins

Неодамна, во еден од нашите поголеми супер маркети купив брашно т-950 т.е …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во подлабок сад ставете го состојки потребни за подготовка на кифличките. Замесете мазно тесто. Тестото треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се обликуваат кифлите.
  2. 2.Покријте го и оставете го тестото на топло да нарасне.
  3. 3.Тесто префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 2 топчиња.
  4. 4.Секое топче расукајте го во поголема кружна форма и намалкајте го со растопен путер.
  5. 5.Кругот од тесто пресечете го на повеќе тенки но долги триаголници и свиткајте ги во форма на кифличка.
  6. 6.Ставете ги во тава за печење и повторно оставете ги да нараснат уште барем 30 минути.
  7. 7.Пред печење, премачкајте ги изматено јајце и наросете со крупна сол.
  8. 8.Печете ги кифличките околу 20 минути, во загреана рерна, се додека не добијат убава златна боја.