Семејтвото на Мигусто кувари расте секојдневно. Најновиот член на нашата дружина е Славица Наумовска која ни прати одличен рецепт за домашни кифлички. Фотографија за мерак, вкус за паметење.
Кифлици ала Славица
By March 12, 2013
Published:Семејтвото на Мигусто кувари расте секојдневно. Најновиот член на нашата …
Ingredients
- 600 г бело брашно
- 350 г интегрално пченично брашно
- 300 г топло млеко
- 200 г топла вода
- 200 мл масло за готвење
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 инстант квасец
- 1 кесичка прашок за пециво
- за филот
- 300 г спанаќ (обарен)
- 300 г урда
- 100 г путер
Instructions
- 1.Во поголем сад измешајте ги сите состојки за подготовка на тестото. Замесете средно меко тесто и оставете го да одстои околу еден час.
- 2.Откога ќе нарасне поделете го тестото на 4 топки и секоја расукајте ја во голем круг.
- 3.Со омекнат путер намачкајте ја кората, ставете од филот со урда или пак со обарен спанак помешан со урда и исечете на осум парчиња.
- 4.Од парчињата завиткајте кифлички. Потоа наредете ги во подмачкан плех со путер. Одозгора секоја кифла намачкајте ја со разматена белка и поросете ја со ким или сусам.
- 5.Печете во добро загреана рерна на 210 степени, околу 30 мин. Моја препорака е да уживате во овие кифли со часа јогурт.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна