Овие кифли ми се по рецепт од стар мајстор, кој секогаш велеше дека секое кисело тесто е подобро ако се меси со маст. И јас сега истото го кажувам, тоа што тие се перфектно меки се должи токму на маста – ни кажа Лилјана Илиева, а на нас не ни останува ништо друго освен веднаш да се фрлиме на месење, бидејќи кифличките навистина изгледаат прекрасно. Засукајте ги ракавите и придружете ни се и вие!
Кифлички ала Лилјана
By March 6, 2013
Published:- Prep: 60 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Овие кифли ми се по рецепт од стар мајстор, кој секогаш велеше дека секое …
Ingredients
- 1 кг брашно
- 500 мл млеко
- 2 јајца
- 2 коцки свеж квасец
- 1 супена лажица алкохолен оцет
- 1 супена лажица сол
- 4 кафени лажички шеќер
- 13 супени лажици маст (може и зејтин)
- 70 г путер измешан со урда или рендано сирење (за филување)
- сусам или микс од семиња (за посипување)
Instructions
- 1.Растворете го квасецот со малку млако млеко, додајте малку брашно и нека стаса.
- 2.Во садот во кој ќе месите ставете го брашното и измешајте го со солта и шеќерот. Во него додадете го веке стасаниот квасец.
- 3.Јајцата малку со вилушка сматете ги и додајте ги во млакото млеко, додадте ја стопената маст или зејтин, оцетот. Замесете го тестото со оваа смеса и оставете да стаса, да го удвои обемот.
- 4.Поделете го тестото на 5 еднакви дела, расукајте потенка округла кора, исечете на 4 дела и секоја 1/4 на три еднакви дела - значи ќе добиете 12 триаголника.
- 5.Секој триаголник премачкајте го со филот од измешаниот маргарин со урдата, замотајте кифла. Се така додека не потрошите тестото.
- 6.Премачкајте ги кифлите со сматено јајце во кое ставете малку зејтин, посипете ги со семе кое сте го избрале, измешано со сол или можете да ги посипете и само со малку крупна сол во која сте ставиле само ким, одлични се и така.
- 7.Печете ги на 200 степени околу 15 мин.
- 8.Забелешки: Крупната сол ако ја посипете врз кифличките, а таа да е измешана само со ким, фантазија на вкус овие кифли. Но, тоа останува вие да си изберете. - Да не заборавам да кажам и ова, не мора да го подмесувате квасецот доколку не сакате, успешни се секогаш ако го растворите квасецот и во целот млеко и натаму се како што е напишано, замесете тестото. - Можете да го поделите млекото, односно да измешате и кисело и пресно млеко, успешни и така... - Не сум погрешно напишала што се однесува до квасецот, да не ве чуди, така треба да е, не е страшно, додека го месите тестото ќе осетите на раката, ќе ви се чини дека додека месите тоа стасува. Ви посакувам успешна работа...
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна