Случајно ми останаа неколку печени пиперки, а бидјеќи досега немав пробано да ги искомбинирам со тесто, си реков – е сега е шансата! Пиперката му дава малку специфичен вкус на тестото, но полжавчињата навистина излегоа превкусни. Ќе морам изгледа во иднина да замрзнувам печени пиперки специјално за ови кифлички- полжавчиња :)

Кифлички полжавчиња

By Гастронаутка Published: September 12, 2013

  • Prep: 60 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 1 hr 20 mins

Случајно ми останаа неколку печени пиперки, а бидјеќи досега немав …

Ingredients

Instructions

  1. замесете тесто1.Ставете го квасецот во водата заедно со шеќерот и со лажичка брашно и оставете го да надојде. Потоа со брашното, солта и млекото замесете убаво и глатко тесто (средно тврдо - додадете брашно по потреба).
  2. расукана и намачкана кора2.Оставете го тестото да се дигне (да се дуплира во волумен), а потоа расукајте една правоаголна кора со дебелина од 5-6 мм. Кората премачкајте ја со намазот од сирење во кој сте го измешале истолченото лукче.
  3. завиткајте ја кората во ролат3.Испрскајте одозгора со ситно исечканите пиперки и магдонос, а потоа завиткајте ја кората во ролат.
  4. исечени полжавчиња4.Ролатот исечете го на парчиња дебели околу 1 см, а потоа наредете ги во тавче врз хартија за печење.
  5. подготвени за печење5.Секое полжавче премачкајте го со изматената жолчка, а можете по желба и да испрскате со сусам, ким или крупна сол (ако сакате посолено).
  6. Кифлички полжавчиња6.Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека убаво не заруменат.