За сите оние кои обожаваат домашни кифлички, спремивме една попикантна верзија, со лук. Супер пециво, кое совршено добро одговара со убаво и богато подготвен ордевер и неколку макала.

Кифлички со лук

By Тетка Биберче Published: March 11, 2013

  • Prep: 35 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 1 hr 50 mins

За сите оние кои обожаваат домашни кифлички, спремивме една попикантна …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во подлабок сад ставете го ставете ги сите состојки потребни за подготовка на кифличките. Замесете мазно тесто. Тестото треба да биде меко, но не премногу меко за да може да се обликуваат кифлите.
  2. 2.Покријте го и оставете го тестото на топло да нарасне убаво, барем да добие 2,5-3 пати поголем волумен.
  3. 3.Тесто префрлете го на набрашнета површина, поделете го на 4 топчиња, секое топче расукајте го во кружна форма и пресечете го на повеќе триаголници.
  4. 4.Секој триаголник намачкајте го со филот од лук и свиткајте го во форма на кифличка.
  5. 5.Кифличките, наредете ги во тава за печење и повторно оставете ги да нараснат уште барем 30 минути.
  6. 6.Загрејте ја ререната на 200 степени. Непосредно пред печење, намачкајте ги со изматено јајце и наросте со сусам (или ким, чурек, крупна сол)...
  7. 7.Печете ги кифличките околу околу 20 минути или се додека не добијат убава златна боја.