Овие полнети срциња ни се едни од омилените. Многу се декоративни, а се релативно едноставни за правење. Ако сте љубители на тесто, тогаш задолжително пробајте ги. Супер во комбинација со вкусно сирење.

Кифлички срциња

By Мигусто Published: May 28, 2013

  • Prep: 60 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 1 hr 25 mins

Овие полнети срциња ни се едни од омилените. Многу се декоративни, а се …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Измешајте го брашното со солта и прашокот за пециво. Квасецот ставете го млакото млеко, додадете лажичка шеќер и лажичка брашно и оставете го да стаса.
  2. замесете глатко тесто2.Кога квасецот ќе стаса, додадете го во брашното, додадете го и јогуртот и 1 јајце. Месете додека не добиете глатко и убаво тесто.
  3. подгответе го филот и расукајте кора3.Оставете го тестото да отстои додека не се дуплира во волумен, а во меѓувреме измијте ја и обарете ја блитвата (ставете ја во зовриена вода да се вари неколку минутки). Исечкајте ја ситно, сирењето издробете го со вилушка, додадете ја белката од второто јајце и се добро измешајте.
  4. распоредете го филот по целата површина на кората4.Кога тестото ќе стаса, расукајте една правоаголна кора од него. Распоредете го филот убаво по кората.
  5. распоредете го филот по целата површина на кората5.Свиткајте ја од подолгата страна од кората како ролат додека не дојдете до средината. Потоа почнете да виткате ролат од другата страна (треба двата ролати да се спојат во средината).
  6. обликувајте ги срцињата6.Од добиениот дупли ролат сечете парчиња дебели околу 1 см, а потоа со прстите повлечете го долниот дел од ролатот за да добиете форма на срце.
  7. Кифлички срциња7.Наредете ги срцињата во тавче врз хартија за печење, намачкајте ги одозгора со преостанатата жолчка и печете ги околу 25 минути во загреана рерна на 200 степени.