Со еден збор – класика која никогаш не здосадува, а е толку едноставна што буквално секој може да ја направи. Слободно експериментирајте со состојките и направете си своја варијација на тема, додадете сирење, парчиња месо, па дури и зеленчук, и не заборавајте да уживате во вкусот. Пријатно!

Киш Лорејн

By Гастронаутка Published: February 5, 2014

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 1 hr 20 mins
  • Ready In: 1 hr 35 mins

Со еден збор - класика која никогаш не здосадува, а е толку едноставна што …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Измешајте го брашното со 150 г путер додека не добиете ситни грутки. Потоа додадете ја жолчката и 2 супени лажици ладна вода и месете додека не добиете глатко тесто. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути.
  2. 2.Загрејте ја рерната на 220 степени. Со малку масло подмачкајте го тавчето за печење, а потоа обложете го со хартија за печење, раширете кора од тестото дебела околу 2 мм, и обложете го тавчето. врз кората ставете малку сиров ориз или грав и печете околу 20 минути. Извадете го оризот и печете уште 5 минути или додека тестото не стане златесто.
  3. 3.Во меѓувреме, растопете го путерот во тавче, а потоа додадете го исечканиот кромид и сланина. Пржете неколку минути или додека кромидот не омекне а сланината стане крцкава. Извадете ја смесата во чинија и оставете ја да се олади околу 10 минути.
  4. 4.Намалете ја температурата на рерната на 180 степени. Ставете ја смесата со сланина врз испечената кора, одозгора распоредете го ренданиот кашкавал.
  5. 5.Изматете ги јајцата со вилушка и додадете ја павлаката. Посипете ја смесата одозгора и печете околу 45 минути или додека не се добие коричка. Оставете да се лади околу 5 минути и послужете.